Никогаш ја немав видено ниту оваа снимка, ниту било која друга снимка кои беа објавени во „Ла Верита“ се до нејзиното објавување. Тоа што го има на снимката отприлика го добив како податок, ми беше раскажано, а верував затоа што изворот беше мошне сериозен, човек на кој му верувам.
Кога ги гледав сите детали од снимката на „Ла Верита“ бев и јас изненаден, но клучните детали за тоа кои се личностите, отприлика што се разговарало знаев. Никогаш не ја раскажав содржината на таа снимка се додека не се објави. Таа снимка не е правена за да јас ја забавувам јавноста, но сакав да бидам сигурен дека мојот извор ќе ми гарантира дека снимката која постои е цврст доказ.
Пазете, тоа е 10 јуни кога првата приказна беше објавена за едно рекетирање на еден охридски хотелиер, неуспешен бидејќи на масата буквално му се слошува на човекот, го плискале со вода, човекот се возбудува нагло, некако се спасува ситуацијата и човекот им вели, добро земете го целиот хотел. Тој не правел 200 илјади евра промет, а камоли јас да ги имам тие пари да ви ги дадам. Така човекот се спасува од таа филмса колку комична толку и трагична приказна, вели Героски во гостувањето на емисијата „Јади Бурек“ кај Јанко Илковски.
Героски рече дека стотици илјади евра, милиони евра се рекетирани, па мислел дали да тргне по стандардна постапка односно да им звони на Коки, Лаки, Фрики. Некој ќе рече дека не било фер да раскажувам приказни, но немав избор бидејќи ќе имаше фокус врз мене и ќе имаше лавина на тужби. Лебдат приказните во воздухот, луѓето ми веруваат, јас им верувам на изворите. Направивме круг на доверба, додава тој во емисијата.
Целото гостување на новинарот Бранко Героски во продолжение: