Новинарот Бранко Героски утрово на својто Фејсбук профил објави свое мислење, за тоа што му се случува на политичар кој тужи новинари.
-Њутнов закон во политиката: На политичар што тужи новинари му се ближи крајот. Другарчиња, ајмо сите ручна!-, напиша Героски.
Оваа изјава на Героски веројатно доаѓа откако премиерот Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Никола Димитров и Фросина Ременски најавија тужби против одредени медиуми и новинари, кои го објавија записникот од ЈО во врска со случајот „Рекет“.
Каков расплет ќе има целата разврска останува да видиме, едно е јасно. Потребно е целосна завршница на случајот, со цел што побрзо да се затворат сите можни шпекулации кои се појавија во јавноста во последниот период. Секако, сите инволвирани во случајот да одговараат пред правдата.