fbpx
21.8 C
Skopje

Ќе го преточат ли зборот на дело – кога ќе се промени изборниот модел?

АКТУЕЛНО

Портаролот на СДСМ, Костадин Костадино пред неколку недели рече дека остануваат на ставот за една изборна единица но оти конечниот збор треба да го имаат партиите, и тоа со консензус.

Кога зборуваме за отворени листи, секако дека стоиме на она што значи наша програмска определба за една изборна единица. Знаете дека во Собрание се одлучува за ова прашање со консензус, јас сум убеден дека сите ќе го имаме во предвид и она што значи наше изборно ветување, но и она што значи интерес на граѓаните.

Во Собрание со консензус се одлучуваше и за промена на уставното име на државата, па оттука се поставува прашањето дали политичките сили кои ветуваа дека Македонија ќе биде една изборна единица ќе успеат да издејствуваат промена на изборниот модел, ако се земе во предвид фактот дека зад истиот тој предлог стојат сите помали политички партии во земјава.

Да потсетиме: ВМРО НП на Љубчо Георгиевски, ГДУ, партијата на Љубе Бошковски, ЛДП, ДОМ, Единствена Македонија, партијата на Солза Грчева, партијата на Павле Трајанов, НСДП се партиите кои се согласија дека Македонија една изборна единица е вистинскиот изборен модел кој треба да го има државата. Поддршка за модел кој нема да ги фаворизира само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како најголеми политички партии, дадоа и Алијанса за Албанците и Беса.

Ветувањето за промена на изборниот модел СДСМ го даде во својата програма, а премиерот Заев во повеќе наврати како лидер на опозицијата ветуваше промена на моделот во една изборна единица. Дали СДСМ ќе си остане на зборот и Македонија конечно ќе добие нов изборен модел пред новите парламентарни избори, останува да видиме.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -