fbpx
15.8 C
Skopje

Река: Имаме две ограничувачки лимити за датум

АКТУЕЛНО

Поранешниот македонски дипломат и кандидат за претседател на последните избори, Блерим Река, во неговото гостување во дневникот на тиранската телевизија Ора њуз рече дека Македонија треба да исполни два услова, во спротивно „ќе се збогува од датумот за започнување на преговорите во октомври“.

Три држави членки, Франција, Холандија и Германија, не се убедени дека Македонија постигнала напредок во реформирањето на владеењето на правото. Случајот „Рекет “ не беше случај во пресрет на датумот во јуни, тој се обелодени на 15 јули. Ова значи дека сега имаме две ограничувачки лимити за датум. Прво, е расветлувањето на случајот „Рекет“ односно потврда дека земјата има менаџерски капацитет за спроведување на владеењето на правото.

Вториот, на 15 септември завршува мандатот на Специјалното јавно обвинителство. Ако не се донесе Закон за јавно обвинителство до 15 септември, ќе можеме да му кажеме збогум на датумот во октомври – изјави Река.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -