fbpx
15.8 C
Skopje

Во живо: Пречек на 13 годишниот херој Марко Пејчиновски во Охрид

АКТУЕЛНО

Малиот охридски херој, Марко Пејчиновски, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.

Марко во текот на годината имаше напорни тренинзи, а доби голема поддршка од своето семејство и своите пријателчиња. По изминати 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и минати 11 километри и 840 метри, Марко поради големи болки во ногата кои траеја еден час, го прекина подвигот кај Градиште. Целта на Марко беше да се обиде да преплива таканаречениот триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид.

Сепак, Марко и покрај тоа е вистински херој кој успеа да ја сплоти цела Македонија на овој наш прекрасен празник, Успение на Пресвета Богородица. Наша екипа веќе го пренесува во живо пречекот на 13. годишниот Марко во Охрид.

Пречек на 13 годишниот Марко Пејчиновски во Охрид

Posted by Pogled.mk on Wednesday, August 28, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -