fbpx
24.8 C
Skopje

Ја држи за рака во последните моменти од животот, тие покажаа што е вечна љубов

АКТУЕЛНО

Оваа трогателна фотографија со постари луѓе кои биле во брак 77 години, на која се гледа како се држат за рака само неколку часа пред жената да го напушти овој свет е пример и дефиниција за вистинска љубов.

Беше споделена на сајтот Редит од страна на нивната внука од Сан Франциско, која напишала:

„Мојата 96-годишна баба со мојот 100-годишен дедо, неколку часа пред нејзината смрт овој викенд. 77 години брак. Знам дека тие ми се баба и дедо, но оваа слика сериозно е најтажното и во исто време најубавото нешто што сум го видела во животот.“

Повеќе содржини: Тие тука го пронајдоа својот мир: Позади оваа снежна фотографија се крие приказна која ќе ви го згрее срцето

На само еден час ипол од Белград, во срцето на Шумадија, во Лапов, постои единствен азил во кој престојуваат пронајдени коњи – злоставувани, запоставени, отфрлени.

Азилот „Старо брдо“ постои околу година ипол дена, и за тоа време низ него минале 40 коњи и магариња, со различни судбини и години. Тие овде добиваат грожа додека не се опорават од претходните повреди и трауми, а потоа им се бара постојан дом и посвотел кој одговорно ќе го чува до крајот на неговиот живот.

Фото

На овие прекрасни фотографии за кои е заслужен еден фотограф од НИш, се гледа нивната радост и уживање во снежната покривка во престојалиштето, но ситуацијата за волонтерите не е толку сјајна како што изгледа на фотографиите.

Азил финасиски зависи од поединични донации кои се големи љубители на животни, од кои неопходно обезбедуваат доволно храна и ветеринарна нега за сите шитиеници…

Зимата носи бројни проблеми – кога е студено волонтерите носат вода од своите куќи во големи количини по неколку пати на ден, додека патиштата се често завеани и тешко пристапни, па тоа дополнително прави проблеми во доставувањето на храна.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -