Во текот на изминатиот ден се случил сериозен инцидент во автобусот на ЈСП со број 5.
Во дневниот билтен на МВР за случајот се наведува како се случила целата ситуација, а во продолжение може целосно да ја прочитате, а во прилог има и видео кое го пренесува ТВ Сител:
На 27.08.2019 во 21.50 часот во СВР Скопје бил приведен М.С.(32) од Скопје, поради нарушување јавниот ред и мир со кршење на предмети во автобус со број 5 на ЈСП Скопје, додека сообраќал во близина на спортски центар во населбата Аеродром, по што и физички го нападнал возачот на автобусот Б.Ш.(57) од Скопје.