Се додека Грујо се јавува од Пешта и си собира лајкови, главите на луѓето ќе бидат измешани. Они мислат стварно ќе се врати и пастирот пак ќе ги води.
А, вистината е дека само што ќе стапне во Македонија, он ќе биде спроведен со полиција во затвор. Пресудата е правосилна. Он не владее овде, ние сме под голема капа.
Нема враќање док ВМРО не добие свој претседател кој еден ден би го амнестирал. А, тоа во наредни 5 години нема да се случи, колку што е мандат на Пендаровски. А, прашање е – кој ќе добие после него.
Тоа, Никола Чаушеску, не го кажува у статусчињата на своите фанови. Он само се забавува вака, со раздор. Пошто реално, и нема друга работа сотоната.
Фејсбук статус на новинарката Јорданка Ивановска Јоци