fbpx
18.8 C
Skopje

Децата кои таткото ги остави во автомобил за да оди на забава се сместени во згрижувачко семејство

АКТУЕЛНО

Двете деца кои синоќа беа оставени во автомобил во скопската населба Ново Лисиче се во стабилна здравствена состојба и веќе се сместени во згрижувачко семејство, пренесе Алсат.

Врз основа на доказите следниве денови ќе се одлучува за евентуално одземање на родителско право.

Братчето (4) и сестричката (7) се пронајдени во автомобил на паркиралиште во скопската населба Ново Лисиче, од страна на минувачи синоќа околу 22:00 часот. Набрзо била повикана полиција која ги скршила стаклата на колата и децата ги пренесле на детската клиника.

Доктор Весна Мицевска од Одделот за пулмологија при Клиниката за детски болести во изјава за медиумите рече дека мајката е со децата на Клиниката.

Посочи дека децата при приемот на Клиниката биле лесно дехидрирани, што не било последица на престојот во автомобилот, оддавале впечаток на запуштени (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени и свесни со уредни витални параметри.

– Хоспитализирани се на Одделот за пулмологија Б за обсервација, направени се рутински лабораториски анализи кои се со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Тие се во добра здравствена состојба и се планира нивно отпуштање, додаде доктор Мицевска.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -