fbpx
15.8 C
Skopje

(Галерија) 5 годишната хуманитарка Андреа собра речиси 8.000 денари за Стефан од Скопје

АКТУЕЛНО

Малата хуманитарка од Струга Андреа Костовска (5 г. ) собра 7,912 денари од својата хуманитарна акција за Стефан Ивановиќ од Скопје.

Во вторникот Андреа продаваше „ладни сокчиња за топли срциња“ на чаршијата во Струга. Парите што таа успеа да ги собере ќе бидат уплатени на сметката на Стефан кој боледува од церебрална парализа.

Најголема поддршка на малата хуманитарка укажаа нејзината мајка Ружица и сопственикот на кафе Де Лукс во Струга, господинот Бени.

Силно се надеваме дека акцијата на Андреа, ќе биде добар почеток за една добра иницијатива, преку која луѓето со „топли срца“ ќе им помагат на луѓето во нужда.

Мила Андреа, ти благодариме што твојата чиста светлина и голема добрина ја сподели со сите нас.

Стефан Ивановиќ има потреба од сите нас, тој живее сам боледува од церебрална парализа, живее без струја бидејќи има долг од 4000€, неговата мајка починала пред скоро еден месец, не е во можност да го плати долгот и зимата може да ја дочека без струја и греење
Секој денар е добредојден за Стефан. Ако сакате и можете да му помогнете неговата сметка е: Стопанска Банка: 20002892730306 ( мкд сметка)

Iban: Mk07200003261742653 SWIFT-STOBMK2X

Стефан има потреба и од малку храна претежно сува бидејќи нема каде да готви. Кој колку може нека помогне. Стефан може да го добиете на 072/512457

фото

Во продолжение линк од Трибуна 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -