fbpx
15.8 C
Skopje

Airbnb за првите три месеци од 2019 година оствари профит од над девет милијарди долари

АКТУЕЛНО

Најголемата светска платформа за изнајмување и резервации за сместување, Airbnb го зголеми прометот во првиот квартал од оваа година за 31 процент во однос на 2018, пренесува порталот „Денар“.

Тие така достигнаа вкупен износ од „резервации“ од девет милијарди и 400 милиони долари.

Индикаторите на Airbnb за првиот квартал оваа година можат да помогнат во привлекување на инвеститори во планираната јавна понуда на компанијата, а Airbnb би можел да излезе со јавно понуда на своите акции (IPO) во првата половина на следната година.

Airbnb првото тромесечје оваа година го заврши со три милијарди и 500 милиони долари готовина.

Резервациите за компанијата во споменатиот период се зголемија за 40 проценти во однос на последниот квартал од минатата година, достигнувајќи бројка од 91 милиони ноќевања.

Како можна вредност на најавената јавна понуда Airbnb, The Wall Street Journal наведува 35 милијарди долари, надоврзувајќи се на пресметките на Airbnb од 120 долари за една акција на компанијата.

Основачите и директорите на Airbnb, Брајан Чески, Џо Гебиа и Нејтан Блекарчик сè уште не излегоа со проценките за приходи од IPO.

Целиот текст може да го прочитате на Денар.мк ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -