fbpx
15.8 C
Skopje

Орбан до Салвини: Никогаш нема да заборавиме дека бевте првиот западноевропски лидер кој ги спречи мигрантите да ја преплават Европа

АКТУЕЛНО

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан со писмо се обрати до лидерот на италијанската десничарска Лига, Матео Салвини во кое му заблагодарува на напорите да го спречи приливот на илегални мигранти во Европа.

Ние, Унгарците, никогаш нема да заборавиме дека бевте првиот западноевропски лидер кој се обиде да ги спречи илегалните мигранти да ја преплават Европа преку Средоземно Море, напиша Орбан во писмото, кое на новинарите им го прочита неговиот шеф на кабинетот Берталан Хаваси. -Без разлика на идниот политички развој во Италија и фактот дека припаѓаме на различни групи во Европскиот парламент, „Вас ве сметаме за брат по оружје во борбата да го зачуваме европското христијанско наследство и да ја спречиме миграцијата“, наведува Орбан во писмото.

Повеќе содржини: Украина доби нов премиер

Пратениците на Врховната рада го избраа Алексеј Гончарук за нов премиер на Украина. „За“ гласаа 290 пратеници, а за негов избор потребни беа 226 гласа, јавија локалните медиуми.

Триесет и петгодишниот Гончарук е адвокат, кој работи за администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претходно тој бил на чело на невладина организација што се занимавала со реформите, а работел и како советник во Министерството за екологија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -