fbpx
18.8 C
Skopje

Авернес-от на Бетмен ди грејт семакедонски

АКТУЕЛНО

Ај што беше левичар во однос на политичката ориентација (се сеќавам барем на маичките со ликот на големиот револуционер Че Гевара и честото цитирање на неговите зборови), секој си има право да се пронајде некадекаде што припаѓа (нели), ај што по редот на нештата МОЛСКАВИЧНО и по веќе истрасираниот пат од многумина пред него прерасна во “икона“ на патриотите (особено на оние новодојдените во ДПМНЕ), ајде што преку ноќ се испромовира како голем борец за Македонија (не се сеќавам на него ни од 1990 кога се создаваше ни на 2001 кога се бранеше државата) и стана (ДУРИ) член на ИК на, замислете, ТРАДИЦИОНАЛНАТА И КОНЗЕРВАТИВНА партија како ВМРО ДПМНЕ(?), ај што под чудни околности куртули, значи преку се ќе замижам и поминам, така било, така ќе биде опортунизмот не е мртов, јасно.

Но неможам И НЕМОЖАМ да сфатам човекот кој “не поду“, џигерите ни ги изеде, сетилата ни ги одзеде со спомнување на терминот “ИДЕНТИТЕТ, ИДЕНТИТЕТСКА ПРИПАДНОСТ“ ппод кој лозунг за малку ќе се испотепавме меѓусебе, со таква леснотија во насловот на неговиот текст за Марко( и неговиот херојски обид со двојно препливување на охридскиот маратон да го сврти на вниманието на институциите и свеста за децата со ретки болести ) си зел и со детска леснотија ни влепи ТЕРМИН “АВЕРНЕС“!!!! Абе АВЕРНЕС ејјј!!! И тоа во насловот!

Немам намера да се задржувам и губам време но ги замолувам оние мои сопартијци од 1990 да го подсетат Бетмен на неколку моменти:
Прво, подсететего дека во времето на првата и единствена десничарска и патриотска влада на Георгиевски, во ударен термин од 19 часот и 20 минути, значи пред вестите, беше промовиран проект ГОВОРЕТЕ МАКЕДОНСКИ!

Второ, нека не го изопачува и унакажува и онака сиромашниот наш јазик уште поосиромашен и хендикепиран со бруталното бришење на некои букви во времето на составување на македонската граматика, со што јазикот изгуби сигурно 1000 дополнителни зборови…Значи просто Бетмен, АВЕРНЕС = СВЕСТ. Просто и едноставно.

Понатака, објаснете му дека јазикот и без неговите “англицизми“ е доволно извитоперен, грд и обезличен особено во северните делови и престолнината каде, претпоставувам од желбата за прикажување припадност кон некој сталеж и желбата да се биде “ИН“ оние неколку српски зборови кои се употребувале во минатото се престорија во цела една навала, лепеза и опсада од “србизми“ и “англицизми“. За крај, веројатно и јас во текстот употребив некој термин (самиот термин ТЕРМИН е дискутабилен) кој е одомаќинет во нашиот јазик, но тие одомаќинувања оделе низ годините и особено се прифаќале зборови на предмети за кои ние сме немале наш збор да го опишеме. Примери има многу особено за турските предмети кои ги донеле сосебе османлиите во текот на пет вековнотото ропство.

Затоа “Бетмен ди грејт“ АВЕРНЕС = СВЕСТ!

П.С. И немој бре со тие мустаќи брада како кај војводите и поглед кој небаре пронижува како кај најголемите радикали, немој смешен си, ти кажал ли некој? Ај “СИКТЕР

Пишува: Коко Колар

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -