fbpx
24.8 C
Skopje

Мицкоски: Држава ги собира парите од граѓаните, но не ги троши за развој на државата

АКТУЕЛНО

Доколку го слушате премиерот Зоран Заев и ги слушате луѓето околу нив, за нив секоја година е економска година, но на крајот од годината гледаме катастрофални резултати, а јас би рекол катаклизмични резултати, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вестите на Алфа.

-Ако ги погледате сите параметри кои што се од почетокот на годината до ден денеска ќе видите дека оваа година е се, само не е економска година. Она што исто така наговестува дека нема да биде економска година практично се и капиталните инвестиции кои што пред некој ден и официјално излегоа, гледате дека тие се наоѓаат на една четвртина од предвидената реализација од почетокот на годината, односно некаде заклучно со јули месец, истакна Мицкоски.

Но повеќе не загрижува штш дефицитот, односно планот на државата да потроши повеќе, а да собере помалку е според планот, заклучи Мицкоски.

-Тоа не води кон заклучокот дека, државата ги собира парите од бизнисот и од граѓаните, но не ги троши за развој на државата, туку ги троши за да ги пополни грешките во политиките и други трансфери, за да може да купи социјален мир, подвлече Мицкоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -