fbpx
16.8 C
Skopje

Oтворен 76 филмски фестивал во Венеција: Во трката за наградата учествуваат 21 филм

АКТУЕЛНО

Француските актерки Катрин Денев и Жулиет Бинош, кои играат мајка и ќерка во филмот на јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда, синоќа го отворија 76-от филмски фестивал во Венеција.

Катрин Денев и Жулиет Бинош прошетаа по црвениот тепих во друштво на јапонскиот режисер за да го претстават филмот „Вистина“, семејна драма која се натпреварува за Златен лав. Во својот прв филм направен во Франција, Коре-Еда и ја довери на Катрин Денев улогата на која има комплексен однос со нејзината ќерка, што ја игра Бинош.

Во трката за „Златен лав“ оваа година се 21 филм. Повеќе содржини во продолжение.

Со работилница за изложбата „сЛОГан“ и јавна дебата на тема „Каква галерија ни треба?“, во Битола почна 14-то издание на АКТО Фестивал за современи уметности.

Организаторите на фестивалот во Битола најавија дека АКТО со своите програмски активности отвора нови простори за продукција и претставување на современа уметност, јавни простори, напуштени хали и поттикнува соработка со јавните институции.

Оваа година АКТО ја отвора темата „Каква уметничка галерија ни треба во Битола? Целта е да се најдат креативни мехенизми и да се прикажат проблемите со кои тековно се соочуваат уметниците, младите и воопшто граѓаните на Битола. За жал во моментов Битола нема галериски простор и затоа треба да се создадат услови за што побрзо отворање. Градот во минатото сепак имал значајни и квалитетни галериски простори, беше нагласено на презентацијата на уметникот Владо Ѓоревски.

Во периодот до 31 август во Битола ќе биде понудена богата уметничка програма, анализа на идејата за реконструкција на Офицерски дом и каков Офицерски дом е потребен, а учесниците дел од своите креативни идеи и содржини ќе презентираат и во Скопје, односно на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Во рамки на фестивалот, утревечер на сцената на НУ Народен театар-Битола премиерно ќе биде одиграна претставата „Приказна за окото“ во режија на Мартин Кочовски, која не е наменета за лица под 18 годишна возраст.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -