fbpx
15.8 C
Skopje

Корици на тетратки за деца со ликовите од Ким Кардашијан, Доналд Трамп и Владимир Путин се продаваат во македонските продавници

АКТУЕЛНО

Повеќемина граѓани деновиве на своите фејсбук профили и групи во кои што членуваат изразуваат загриженост поради како што велат кориците на тетратките пуштени во продажба низ македонските продавници.

Корици со тетратки за деца со ликовите од Ким Кардашијан, Доналд Трамп и Владимир Путин се најдоа на продажба во македонските книжари, маркети и продавници.

Корици на тетратки кои се продаваат во Веро. Ок, има некоја бројка 15+ кои верувам никој нема да ги запази. Кои се вредностите и ликовите кои децата секој ден ќе ги гледаат и на училишните клупи? После да не се чудиме зошто секое девојче е Кардашијан-ка и најважно и е како е нашминкана и дали устата и е напречена на секоја слика, пишува загрижен граѓанин.

Дел од коментарите на луѓето кои изразуваат револт по однос на ова прашање се: Карикатури и образование, не иде! Ова е најодвратното нешто кое што сум го видела досега. Зошто и како овие слики се соодветни за 15 +. Има и многу интересен коментар кој гласи вака: Тие што ги произвеле, нивно право. Ама тие што ги купуваат, е тие се маката, пошто е нивни избор.

Foto

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -