fbpx
4.8 C
Skopje

Латас преку колумна испрати порака до Црвенковски: Стани Бранко, ти ја растурија куќата, камен по камен

АКТУЕЛНО

Контроверзниот новинар и некогашен главен уредник на Сител телевизија Драган Павловиќ Латас во својата најнова колумна испраќа порака до некогашниот прв човек на СДСМ и екс македонски премиер и претседател Бранко Црвенковски.

Бранко друже те нема што те нема, а не ми е јасно зошто е така. Заев почна дури и свежи плавиши да носи у партија при тебе жив, а ти дремеш негде со тие два-три пријатели што ти останаа. Дреми Бранко, ама стадото ти се разбега. Вака, новинарот Латас ја започнува својата колумна, а потоа во неа пишува:

Се разбега стадото пријатељу. Ги нема Игор Шема, професорон Узунов, Гордан Георгиев, Зоки Јовановски, Данева, ја нема ни Софија Куновска… фаци за пример. Се собрале лешпери во твојата куќа и ја растураат, камен по камен. Како да не си жив, скраја да е чувај Боже.

А твоите те бараат. Ене, оној што има профил Реган на Твитер терал анкета и од сите четири премиери на твојата СДСМ 45% се за тебе, а за Заев се само 12%. Хари, нашиот заеднички пријтаељ, замисли го бараат 25%. Дупло од твојот Заев друже.

Некои од твоиве сакаа да те принтаат по маици: Врати се Бранко! ама ја им викам не претерујте, не барајте беља. Не му прајте ремет на Нобеловецот. Последнине од СЈО што ги штампаа по маици не се прославија, па сега министерката за финансии ќе ги продава маиците со СЈО со бонови и попуст на нејзиниот Групен. Човек додека не е покоен не се штампа по маици, секогаш може да ја оплеска работата.

Стани Бранко ако си уште жив. Твојон Заев ветува секому што сака да чуе, и ги товари Мајбасите и Јагуарите накај Бугарија. Ме потсеќа Заев на еден виц од Реџо Балиќ, морам тебе како на роден сарајлија да ти го кажам у оргинал, за на крај.

Gledala gatara u Vranje čoveku u dlan, kakva će da mu bidne sudbina razumeš, pa kaže:

– Do 37-me godine mnogo će se mučiš i neće imaš pare

– A posle? pita je čovek

– E, posle će se navikneš

Стани Бранко, спасуј го стадото ако си уште тука, ако те има. Ако па стварно Заев те балсамирал, тогаш обеќавам дека ќе барам карта да те посетам у музејон на ВМРО. Таму кај што се Македонците. Ти лежи, а ја одам даље, работа ме чека.

Целата колумна можете да ја прочитате на порталот КУРИР ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -