Во моментов тече распитот во Обвинетелството за гонење организиран криминал на бизнисменот Ардијан Амзоски од Струга.
Тој е син на сопственикот на фирмата „Дрим Билдинг“ од Струга која месецов соошти дека на Меѓународниот сојуз му исплатиле околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.
Но, бидејќи Боки 13 и координаторката на проектите од Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ, не ги исполниле обврските „Дрим Билдинг“ поднеле тужба пред Основниот граѓански суд во Скопје.
Вчера поради неисполнување обврски од страна на Меѓународен сојуз сведочеше и бизнисменот Силјан Мицевски.