Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кој беше во посета на Хелсинки и Блед, каде се сретна со претставници на ЕУ, пред само еден час преку фејсбук статус рече дека ЕУ конечно треба да донесе позитивна одлука за датум за преговори за нашата држава.
После десет, повторувам десет препораки на Европската комисија дека сме подготвени да почнеме преговори за членство, со решение на нерешливото прашање поради кое изгубивме цела генерација, постигнувајќи европски компромис, ЕУ треба конечно да донесе позитивна одлука.
Благодарам Блед, време е за дома, стои во фејсбук статусот на Димитров.
Министерот имаше средба со Миро Церар од Словенија, на кој му се заблагодари за исклучително конзистентната и силна поддршка за почеток на нашите пристапни преговори со ЕУ. Словенија е инспирација и модел што треба да се следи, рече Димитров.
Хелсинки, Гимних – следна станица Блед, Словенија
Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Friday, August 30, 2019