13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Се огласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кој бара прошка бидејќи како човек може ненамерно да погрешил

„Мојот став не се однесуваше на министерката туку се однесуваше на Зоран Заев. Да појаснам, никогаш не сум промовирал сексистички ставови, ниту се дел од мојот карактер и светоглед. Напротив реагирав на прес-конференцијата на која што Зоран Заев ја злоупотреби Нина, новата министерка, да го презентира, по само два дена на таа функција, ребалансот кој што не е нејзин, притоа претставувајќи ја и во потчинета ситуација, да не и дозволи да одговори ниту на новинарско прашање, барем од она што го видов.

Апсолутно сметам дека ова е само едно извртување и спин на една изјава која што ја претставува релноста, а тоа е дека постоти едно однесување, потчинетост на Зоран Заев кон Министерството за финансии кое што го киднапира и очигледни се неговите намери да не ги дигне рацете од него.

Групировка е само едно несреќно изведување од нејзината претходна работа. А ‘Џирло девојка’ за оние што не знаат, е основата на она што се нарекува Али експрес трговија

Сексизмот на Зоран Заев е што ја злоупотребува Нина да го претстави неговиот ребаланс Жалам ако некој е доведен во заблуда со извитоперувањето на мојот став”, рече Стоилковски.

По оваа изјава, на неговиот Фејсбук профил повторно се дообјаснуваше и напиша дека се кае ако напишаното било погрешно протолкувано.

поврзани објави

Последни објави