fbpx
15.8 C
Skopje

Ученик до наставничка: Ве молам – не ме прашувајте пред сите „што сакам да бидам кога ќе пораснам“

АКТУЕЛНО

Професорката по англиски јазик Бренда Југ од Хрватска на својата Фејсбук страна „Хрватски професорки без цензура“ објави делови од автобиографијата за искуството поминато во школските денови, со родителите и учениците.

Нејзините зборови наидоа на позитивни реакции кога го раскажа искуството со ученикот кој ја замолил да не го прашува пред другите деца – што ќе биде кога ќе порасне, затоа што тој сака да биде ѕидар.

-Професорке, мене ми е срам, но морам да се запишам да бидам ѕидар, немојте пред сите да ме прашувате она ваше прашање: Што сакате да работите кога ќе пораснете?

Знаев, знаев! Ми дојде да урлам, да викам, да одам во канцеларија и да повикам градски родителски состанок!!!

На состанокот ќе биде повикан цел град. Еден воспитен час на кој ќе ги покажам со прст оние родители на децата кои се осудиле да им ги прикажат занаетчкските работи како срам, срам за чесна работа.

Детето не го мислеше тоа. Тој знае што околу него мислат сите со кои е опкружен. Знае со кој презир во основото школо се зборува за односот кон мајсторите, работниците и селаните. Тоа го научил уште пред школо. Тоа го видел со свои очи. Зошто молчите?

„Нема да ме прашате тоа пред сите, нели“, ме чекаше во ходникот и ме праша.

„Фала ти за ова. Но, сега ќе се договориме нешто. Ќе те прашам. И сакам најгордо што можеш, јасно, гласно и храбро да одговориш дека сакаш да бидеш ѕидар. Јасно? За останатото не се грижи“.

Беше уплашен, но ми веруваше. Го поставив прашањето на час. Навистина добро се вклопи во часот. Дојде редот и на него. Мојот иден ѕидар. Стана и кажа дека сака да биде ѕидар.

Точно се случи тоа од што се плашев, но и го очекував. Почнаа шегите на неговите соученици. Браво! Им аплаудирав. Браво! Додека го поставував ова прашање, се молев во себе дека не сте таков клас. Дека имате поголема свест. Дека нема да има вакви реакции. Длабоко ме разочаравте. Од утре часови ќе имаме на ливада.

Се израдуваа и беа воодушевени, а потоа се загрижија. Ноо.. надвор има снег, утре најавуваат дека ќе има и мраз. Да, дожд и мраз.

Им проработе мозокот одеднаш. Но, не вистинската свест, туку себичната грижа за себе, да не бидат на мраз, туку да бидат во топлата училница.

Да, повторив. И цел ден ќе стоиме, нема да седиме. Всушност, дојдете без обувки. Затоа што вашите чевли ги направиле мајстори занаетчии, на кои сега им се исмевавте како да се најлоши луѓе на светот.

Што ќе ви е училиште? Зграда? Куќа? Стан?! Што ќе ви е топол дом?! Тоа е изградено од мајстори на кои им се смеевте во лице. Дали така ве учат дома?

Знаете ли дека ѕидарот во секој ѕид остава дел од себе. Затоа што тука го остави и својот грб, своето здравје и своето време. Мислите ли дека не мора да бидете паметни да го изградите ова училиште?

Кој од вас сам ја изградил својата соба?! Кој?! Кој сам го направил својот кревет?!

Замислете да морате се сами. Ќе бидете ли способни? Знаете ли што се мора да знае еден ѕидар? Зошто дома со родителите не разговарате вакви теми? Зошто мора да зборувате дали некој професор на работа два дена по ред бил во иста облека? Тоа ли ве храни? Тоа ли е начин на живот, рас и развој за ученикот? Овој млад дечко можеби еден ден ќе ја гради вашата куќа. Или мојата. Колку тој мора да има познавање, за куќата да не се сруши или падне?!

Не размислувате за тоа? Епа започнете.

Мајсторите ќе бидат платени се повеќе. Затоа што има се помалку способни луѓе, со спрени раца, а се повеќе се оние со две леви раце кои знаат само да сурфаат на интернет.

Се помалку има градежници, се помалку има луѓе кои создаваат. Се помалку има големи мајстори. Никогаш не дозволувај да ти ги крадат соновите. Прво ти се семат, но биди упорен, па потоа работите ќе се променат и истите ќе започнат да земаат пример од тебе.

И затоа – стани ѕидар!

Биди најдобар во тоа. Биди мајстор за кој ќе се борат луѓето, кој ќе гради за вечност. Биди фаца. Вистинските мајстори и навистина се тоа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -