fbpx
2.8 C
Skopje

Да се откажеме од доларите: Најважно е да плаќаме со наша валута, рече Путин

АКТУЕЛНО

Русија и Индија водат преговори на повеќе фронтови, а најинтензивни се преговори за исфрлување од употреба на доларот.

Трговскиот промет меѓу Русија и Индија, кој се зголеми за 17 проценти на 11 милијарди американски долари минатата година – има огромен потенцијал за натамошен раст, изјави рускиот претседател Владимир Путин на економски форум во Владивосток.

Путин разговараше со индискиот премиер Нарендра Моди, кој ја промовира трговијата на Далечниот исток на Русија.

Спрема рускиот претседател многу е важно да се користат националните валути во меѓусебните трансакции.

Веруваме дека воведувањето практика на користење национални валути во нашите земји е клучна компонента за работа со нашите индиски партнери, како и обезбедување непречено меѓубанкарски трансакции – рече Путин.

Двете земји исто така ќе ја испитаат можноста за испорака на нафта преку рутата Северно Море. Путин и Моди рекоа дека очекуваат трговскиот промет меѓу Русија и Индија да се зголеми тројно до 2025 година, достигнувајќи 30 милијарди долари.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -