fbpx
15.8 C
Skopje

Жените се почесто се бричат – овој третман е чуден, но што мислат лекарите за тоа?

АКТУЕЛНО

Се повеќе жени започнуваат да го бричат лицето, за како што тврдат, полесно да ја поставуваат шминката на своето лице. Жените кои го прават тоа, всушност прават брза и кратка депилација – односно мазна кожа.

-Мојата кожа е супер мазна цел ден, а шминкањето на таква кожа е вистинско уживање“, – открива една од девојките која го бричи своето лице.

Во продолжение прочитајте и што велат дерматолозите за сето тоа:

Зошто?

Па освен редовна мазна кожа, со жилетот се повлекува и мртвиот слој на кожата, а целиот процес како микродермоабразија затоа што го стимулира производството на колаген што го одложува појавувањето на брчките. Влакната што растат ќе изгледаат потемни и подебели бидејќи растат под различен агол, но тие всушност нема да бидат.

Дали е сè толку прекрасно и одлично?

Па, не навистина. Студијата на „Гардијан“ покажува дека мажите имаат подебела и помлада кожа бидејќи машките андрогени ја зголемуваат дебелината на кожата за 25 проценти во однос на жените. Исто така, мажите произведуваат повеќе серум што редовно ја подмачкува и ја хидрира кожата и има повеќе колаген во кожата отколку жените.

Затоа, ако сакате да го направите лицето помеко, заборавете ги советите од Јутјуб за бричење на лицето, одете на професионален третман со пилинг или направете го тоа сами дома.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -