fbpx
15.8 C
Skopje

Нова драма околу „Рекет“: Боки префрлен во болница – чувствувал мачина

АКТУЕЛНО

Алсат дознава дека Боки 13, кој денеска од затворот во Шутка е пренесен на скопските клиники, хоспитализиран е на одделението за торакална и васкуларна хирургија, откако се пожалил на силни болки во градите.

Боја Јовановски, познат под прекарот Боки 13, повеќе од еден месец е во притвор во затворот во Шутка, како еден од обвинетите во случајот „Рекет“.

Кирацовски не се препознава во псевдомнимот „Кики“

По два часа распит пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски кажа дека дал исказ за многу мал сегмент од истрагата за Рекет. Тврди дека не бил близок пријатек со Боки 13 и не посредувал за преоектите за изградба на старечки домови.

Заедничките фотографии со првоосомниченот биле на барање на Боки 13 оти како што вели Кирацовски, тој е пратеник и јавна личност и многу луѓе бараат да се фотографираат со него. Кирацовски повикува на темелна и брза истрага за да не се прават, како што рече, дополнителни штети.

Тој не се препознава во псевдонимот Кики, за кој новинарот Геровски пишуваше колумни. Кажа дека имал средба со Геровски на која новинарот наводно признал дека споменувањето на Кирацовски во колумните било „фаул“.

Извор: Алсат-М

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -