fbpx
4.8 C
Skopje

Героски раскажа како се одвивала средбата со Кирацовски и за што точно разговарале: Ми кажа неколку интересни работи за кои се надевам дека ги кажал и на Русковска

АКТУЕЛНО

Точно е дека со Александар Кирацовски се сретнавме во почетокот на август годинава и точно е дека во таа прилика му реков дека веројатно сум направил фаул кон него во моите написи за аферата „Рекет“. Во една колумна подоцна објаснив дека улогата на Кирацовски во аферата се состои во активности кои овозможиле рекетарската група да ги лови своите жртви или потенцијални соработници. И тоа Кирацовски го правел во својство на генерален секретар на СДСМ. Што, пак, не мора да значи дека и самиот учествувал во рекетирањето.

И јас ќе бидам индискретен и ќе кажам што мене ми кажа Кирацовски на таа средба, до која дојде на негово инсистирање, откако во текот на јули неколку пати упорно ме бараше и ме молеше јавно да соопштам дека тој не бил Кики. Имено, на таа средба Кирацовски ми призна дека посредувал во организирањето на состанокот помеѓу осомничениот Бојан Јованоски, бизнисменот Силјан Мицевски и битолската градоначалничка Наташа Петровска. Како што е познато, на таа средба, како и со два дописа до неа, е вршен притисок Петровска да одобри пренамена на парцела на Мицевски за изградба на хотел (демек, старски дом), без измена на Деталниот урбанистички план. „Моја задача, како генерален секретар на СДСМ, беше да ги спојувам луѓето. Освен тоа, јас сум личен пријател со Силјан Мицевски“, ми рече Кирацовски. Ете баш со тие зборови.

На средбата Кирацовски ми кажа и неколку други интересни работи, но јас се надевам дека истите нешта тој денеска и ги кажал и на обвинителката Вилма Русковска. Да не ги прераскажувам сега јавно. Ако се наложи потреба, се разбира, може и тоа…

Според моето мислење, Кирацовски, Фросина Ременски и повеќе други видни личности од СДСМ сносат директна политичка одговорност за еден многу сериозен фаул – за фацилитацијата на рекетарските активности на осомничените, со пружање политичка, морална, но и логистичка поддршка. А истрагата допрва треба да покаже дали кај некои од овие лица има и повеќе од тоа, имено и директна кривична одговорност.

(статус на Фејсбук на Бранко Героски)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -