Рита Ора за медиумите даде интервју, во кое најмногу зборуваше за работи кои ги интересираат нејзините фанови, но и за времето поминато со нејзината мајка, што многу и значи во животот.
-Луѓето сакаат да знаат се за мојот приватен живот и тоа некако го прифатив. Но, она што го научив за љубовта е дека таа моментално не ми е приоритет. Не верувам дека ќе се случи во скоро време“, открива Ора.
Ора откри и несекојдневна ситуација со нејзината мајка Вера, со која има крајно близок однос, па двете заедно честопати спијат на еден кревет.
-Ја молам мама да дојде кај мене во куќата. Кога е таа тука, тоа ми дава огромна сигурност. Секогаш ја прашувам да дојде и да преспие кај мене. Затоа што некогаш и кога си сам не е добро. А, сакам и да спијам со мајка ми поради тоа што често ме мази во креветот, како кога бев мала – уживам во тоа,- признава Ора.