fbpx
15.8 C
Skopje

Сопругот мислеше дека мајка му е светица: Но, за роденден му купив ДНК и дознавме дека сме брат и сестра

АКТУЕЛНО

Кога сте со некоја личност подолг период заедно, мислите дека знаете се што е потребно и имате голема доверба и воопшто не постои било каков сомнеж.

Водителката Малори Ортберг на емисија во која луѓето ги кажуваат своите приказни, прочита писмо од неименувана жена, која за роденденот на својот сопруг купила ДНК тест, но кога пристигнале резултатите зажалила што го сторила тоа.

-Резултатите покажаа дека сме брат и сестра од еден татко. Таа вес ме вознемири, а мојот маж беше скршен,- отрива жената.

Освен што била загрижена поради фактот што е роднина со својот сопруг, ја вознемирил и фактот што значи и дека некој од фамилијата „шетал“. Двајцата пораснале во мало место и се знаат цел живот, а по свадбата добиле и син, кој сега има 2 години.

-Неговите родители беа венчани 30 години, а мојот маж секогаш зборуваше како неговата мајка е светица. Сега не сака за тоа да зборува со мене, спиеме во посебни соби и тоа полека делува на нашиот син. Таа тајна го уништи мојот брак и се плашам дека ќе предизвика раздор во фамилијата. Мојот свекор со гордост истакнуваше како се оженил со првата девојка која ја бакнал – ова ќе го уништи,- вели девојката.

Таа додава и дека не смее за ова да им соопшти на својата мајка и сестра, па не знае како да реагира кога ќе ги види летото, кога ќе треба да заминат на летување.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -