fbpx
-4.2 C
Skopje

Надлежните немаат слух: ФК Брегалница Делчево пред згаснување – се прекинува традиција која трае од 1926г

АКТУЕЛНО

Фудбалот во истокот од државата веќе од поодамна е во криза. Откако АМС ги укина ОФС Пробишти, ОФС Штип, ОФС Кочани и други, се чини со забрзани чекори замира фудбалот во овој дел од државата, пренесува Sportclub.

Имено поради недоволен број екипи, Третата лига Исток и Третата лига Југоисток се споија во еден за да како така „скрпат“ една лига.

Е во оваа лига нема две имиња кои изминатите години играа в третата лига, а во минатото и во Првата лига.

Тоа се екипите на Брегалница Делчево и Рудар Пробиштип. Овие екипи не се пријавија за настап во Третата лига, а сооглед на тоа што екипата од Делчево дел од своите младински категории ги префарли во Каменица САСА, а Рудар пак и ги нема, работата води кон тоа дека се заканува потполно згаснување на клубовите.

Екипата на Брегалница од Делчево во својата историја има настапува и во ПМФЛ, и тоа две сезони, 2002/03 и 2003/04. Додека пак Рудар има уште поголем стаж меѓу прволигашите каде мина пет сезони во период од 1992 до 1997 година.

Претходно, од клубот упатија апел до надлежните општински институции, потсетувајќи ги дека првенството во Трета лига-Исток започнува на 9-ти Септември и дека доколку тие не реагираат под итно, оваа година НЕМА да се игра сениорски фудбал во Делчево и ќе се прекине традиција која трае од 1926г.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -