fbpx
15.8 C
Skopje

Македонци од Австралија ќе ја бојкотираат традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот – причината сонцето од Кутлеш

АКТУЕЛНО

По повод националниот празник 8 Септември Денот на независноста на Македонија, во Австралија, Македонците се организираат преку социјалните мрежи и организации на протести против промената на името на државата и забраната за употреба на симболот од Кутлеш, шестаесеткракото сонце, пишува Инфомакс.

Протестите, според најавите ќе се одржат пред македонската амбасада во Канбера. Исто така, македонските организации најавуваат дека нема да присуствуваат и на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот во Мелбурн по повод Денот на независноста 8 ми септември. Причината за ова е, се вели во соопштението на Македонскиот совет од Мелбурн и Викторија во Австралија, срамниот Преспански договор и илегалната промена на името.

Тие велат дека традиционално за 8 Септември Македонците присуствуваат на кревањето на македонското знаме на јарболот на плоштадот во центарот на Мелбурн. Оваа година тие оваа церемонија ќе ја бојкотираат, ако не им биде дозволено да го кренат знамето со сонцето од Кутлеш. За тоа да биде спроведено, австралиските власти бараат дозвола од македонските дипломатски претставништва во таа земја.

Ако Македонскиот совет тоа сака да го спроведе, тоа значи дека ќе мора да напише писмо до Конзулатот на Република Северна Македонија, со што индиректно ќе го признаат новото име. „Тоа ние никогаш нема да го сториме. За нас ова е навредливо и понижувачки“, велат Македонците од Мелбурн.

Во исто време најавен е и протест на 8 ми септември и пред македонската амбасада во Париз.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -