fbpx
16.8 C
Skopje

Идните „академски“ граѓани со по 20 години си седат, а изнемоштен дедо клечеше повеќе од еден час (Фото)

АКТУЕЛНО

До “Pogled.mk” пристигна фотографија од изреволтирана студентка која патувала на релација Скопје – Битола со воз. Како што ни пишува студентката, возот бил преполн, а меѓу тие кои биле внатре имало и нејзини врсници, кои веројатно се студенти па патуваат од Скопје до својот роден град.

Причината поради која ни ја праќа фотографијата е како што вели да се подигне свеста за тоа во какво општество живееме, но и да се запрашаат младите – дали со вакво однесување и непочит кон постари и изнемоштени луѓе, можат било кога да бидат академски граѓани.

– Дедото клечеше повеќе од еден час, а се гледаше дека е изнемоштен и дека не е во добра состојба. За жал, тие кои седеа, особено тие кои можат да му бидат дури и внуци не се решија да му го отстапат своето место. Тоа посебно ме изреволтира. Гледав и не верував. Сакав да реагирам, но сепак сметав дека не сум јас таа која може да наредува на било кого да го напушти своето место. Се е до совеста, вели таа.

Уште од мали, односно како првачиња, првите лекции во училиште се дека треба да ги почитуваме постарите, а тоа подразбира и да им го отстапиме местото доколку се на поголема возраст, особено ако станува збор за стари и изнемоштени лица, хендикепирани личности или бремени мајки.

Foto

Се надеваме дека ова ќе биде една поука за сите млади луѓе, да се потрудат во иднина да прават гестови кои ќе бидат за почит, а не за критика и осуда.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -