Благајник на наплатната рампа кај Гостивар на автопатот „Мајка Тереза” бил удрен и навредуван од возач кој не сакал да плати патарина.
Според СВР Тетово, четириесетипетгодишниот гостиварец З.Д. синоќа пријавил дека околу 21 часот и 45 минути бил физички нападнат од едно лице, кое одбивало да плати патарина.
По пријавата, полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Повеќе содржини: Се откачи лифт во зграда, четири момчиња се повредени.
Четири млади скопјани се повредени откако се откачил лифт во зграда на улицата ,,Трифун Бузев’’ во Скопје.
Околу 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’ биле донесени 20-годишниот Н.М. 20-годишниот Ф.М. 21-годишниот О.Н. и 21-годишниот К.П. од Скопје, кои, околу 21.55 часот, додека се возеле во лифт во зграда во изградба на улица ,,Трифун Бузев’’, се повредиле откако лифтот се откачил.
Според пријавата, лифтот паднал од вториот кат во подрумските простории.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.