fbpx
21.8 C
Skopje

ГДУ: Ќе преземе ли нешто власта или ќе не остави да се труеме

АКТУЕЛНО

Црни густи чадови со најтоксични отпади секојдневно не трујат. Скопје мириса на изгорено. Дишеме отрови, а функционерите се тука само за сликање.

Надлежните наместо да бидат на терен и да преземаат нешто, тие дремат по канцеларии и кафани. Граѓаните и активистите џабе апелираат и пријавуваат. Службите работат до 16:00 часот, па после работно време никој ништо не го интересира. Најголем дел од мерните станици не работат.

Мора да се преземе нешто! Статистиките за заболувања од малигни болести се загрижувачки. Децата ни дишат отрови. Загрозена е безбедноста од загадениот воздух.

ГДУ апелира надлежните наместо да се кријат , да излезат на терен. Се сомневаме дека мерните станици намерно се исклучуваат.

Притоа од активистите слушаме дека инспекторите од Град Скопје стравувале за својот живот и не можат да интервенираат во одредени делови од Скопје бидејќи добивале закани. Бараме да се истражат овие наводи и на инспекторите да им се овозможи непречено да си ја вршат својата работа. Но наводно се плашеле и од полицијата.

Спасовски дали се точни овие наводи? Дали ќе сториш нешто ? Ќе преземе ли нешто власта или ќе не остави да се труеме?“, се вели во соопштението на политилката партија Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -