Актуелниот пратеник и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски твитна по повод последното интервју на премиерот Зоран Заев за Фокус во кое тој признава дека со Орце (Јордан Камчев) ги гледале снимките:
– Којзнае колку пиво и пуканки смачкале Орце и Зоран Заев доцна вечерта додека заедно си ги слушале и гледале снимките за Катица и Боки Тредичи?!- напиша Милошоски на Твитер.
Засега нема одговор колку пуканки и пиво се поарчени, ниту од официјални ниту од неофицијални извори. Шпекулирање е непожелно за да не се дотура бензин на огнот во акцијата што Владата ја покрена против лажните вести.