13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Гостите се секогаш во право, зарем не? Еден долгогодишен келнер од Скопје кажа неколку работи за своите гости

Во својата објава долгогодишен келнер ги опишал гостите кои биле најтешки за услужување, а некои од нив навистина се покажале во лошо светло.

Глумите дека сте алергични

“Дури и кога се’ функционира како што треба, расположението може да ви го убијат гости кои мислат дека секој ќе поверува во нивните измислици. Никој нема да ви замери доколку замолите да не се стави некоја состојка во вашето јадење бидејќи не ја сакате, но не лажете дека сте алергични. Со тоа нѝ задавате дополнителна работа бидејќи мораме да ја испереме опремата и се’ да припремиме отпочеток. На крајот и вие долго ќе чекате додека вашите пријатели весело ќе го јадат својот оброк”.

На готвачот му е потребно време за да припреми одредени јадења

“Луѓето не сфаќаат една едноставна работа – доколку сте нарачале нешто, не значи дека сте на врвот на приоритетната листа. Тоа само значи дека вашата нарачка, како и сите останати, ќе ја припремиме што е можно побрзо. Неодамна, во најголемата гужва, се појави жена која нарача лосос, а потоа по 7 минути се жалеше што храната не ѝ е готова. Навистина ми е жал што на лососот му се потребни повеќе од 2 минути за да биде готов. Морате да бидете свесни дека некои намирници долго се припремаат. Доколку тоа не ви се допаѓа, одете на ќебап и не доаѓајте во ресторан”.

Пет минути чекање не е долго

“Кога ресторанот е полн, можеби ќе треба да причекате за да се ослободи некоја маса, но тоа обично трае 10 или 15 минути. Секако, ваквата ситуација за повеќето не претставува проблем, но секогаш се наоѓа некој кој одбива да чека. Еден гостин беше изреволтиран што мораше да почека само пет минути, иако му кажавме дека има слободно место но ќе мора да причека да го расчистиме”.

Доколку барате да се променат состојките, не се жалете на резултатот

“Не знам колку пати ми се случило некој гостин да побара промена во состојките во некое јадење а потоа да се буни дека истото нема вкус каков што би требало да има. Па секако дека нема! Го промени целиот рецепт и сега се чудиш што е поинаков. Исто така, немојте да мислите дека со менувањето на состојки ќе ја намалите цената. Во цената на оброкот се вклучени сите состојки кои тоа јадење ги содржи, а ако вие одлучите да ги исфрлите, цената и понатаму останува иста”.

поврзани објави

Последни објави