16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

За да нема повеќе верзии во јавноста – градоначалникот на Дебарца упати јасна порака до сите

По инцидентот кој се случи во Охрид, со приведени навивачи и играчи од фудбалски натпревар и протестот во Дебарца, каде првично имаше блокада за полицијата, се огласи и првиот човек на Општина Дебарца.

Градоначалникот Зоран Ногачевски бил присутен на средбата и заедно со полициското комбе и со приведените пристигна во СВР Охрид, тој за порталот Скопје1.мк дал изјава, во која бара да не се поврзува овој настан со политика или историја.

„Инцидентот се случи надвор од спортскиот терен и нема врска со политика. Апелирам да не се политизира, да не се поврзува со некој историски случувања од пред повеќе од еден век, или да се поврзува со актуелни тековни политички процеси. Значи повторувам нема политика во инцидентот и целиот настан е навивачка и спортска природа.“ – изјавил Нигачески за порталот Скопје1.мк

Се уште не е позната причината за инцидентот – во продолжение очекувајте повеќе детали за целата ситуација.

поврзани објави

Последни објави