14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ДУИ и Алијансата едногласни: Ќе испорачаме свој предлог за албанскиот јазик

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денес најави дека албанскиот јазик само не е доволен за да се коалицира со СДСМ, туку ДУИ ќе испорача своја верзија на барања.

Истото го потврди и лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, кој изјави дека албанските партии се тиа кој ќе решат за барањата.

„За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме со предлог да дојде Заев или Груевски, туку тоа ќе го направиме самите и ќе условуваме тие да ги подржат“, изјави Села.

Синоќа се одржа средба меѓу Ахмети и Села, на која беа разгледувани предлозите од СДСМ, по што Ахмети излезе со изјава дека е потребно време поради тоа што пред нив е тешка одлука. Иако засега не е откриен предлогот од СДСМ, тие наведуваат дека тој не се однесувал на двојазичност на целата територија како што тие посакуваат.

поврзани објави

Последни објави