6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ученичка почина на час по историја во Скопје

Огромна трагедија го потресе Скопје, откако вчера околу 18:30 часот во Ургентниот центар Скопје било пријавено дека ученичка од ГУЦ „Здравко Цветковски“ се онесвестила, по што починала.

Станува збор за ученичка А.А. (18) од Скопје, на која на сред час по историја и се слошило, по што паднала од столчето. Професорите се обиделе да ја освестат, по што била повикана Итна медицинска помош.

Од страна на екипата бил направен обид за реанимација, но не успеале. Ученичката била пренесена во Ургентниот центар, каде од страна на лекар е констатирана смрт.

Телото ќе биде предадено на обдукција за да се открие причината за неочекуваната смрт.

поврзани објави

Последни објави