fbpx
7.8 C
Skopje

Избори на 12-ти април нема да има, се очекува нешто сосема друго, тврди Бошков

АКТУЕЛНО

Политичкиот астролог Илија Бошков има многу поразлично гледање за настаните кои треба да се случуват во блиска иднина на политичката сцена во Македонија.

За ТВ21 тој истакна дека не верува дека изборите ќе се одржат на 12-ти април, напротив очекува да има нова политичка криза во државата.

„Во наталната карта во Македонија ќе биде во прво поле значи треба да се внимава да не се предизвикуваат конфликти не само енички но и меѓупартиски. Не е исклучиво некој да се обиде да направи и граѓанска војна. Македонија и Србија, сите во Балканот се наоѓат во судир на две големи сили а тоа се Америја и Русија“, вели Илија Бошков, астролог.

„Дали Груевски ќе се врати од Будимпешта. Еден политичар кој ќе замине од политиката никогаш нема да се врати. Од Будимпешта не знам дали ќе се врати но неговата политичка кариера е завршена“, додава астрологот.

Целото интервју прочитајте го на ТВ21 и погледнете го на нивниот Јутјуб канал:

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -