fbpx
-6.2 C
Skopje

Падна одлуката за Оскарот во конкуренцијаа за најдобар документарец – „Медена земја“ немаше среќа

АКТУЕЛНО

За жал, македонскиот документарец „Медена земја“ кој беше меѓу номинираните, не ја освои престижната награда. Меѓу номинираните за најдобар документарец беа уште и „Пештерата“, „Работ на демократијата“ и „За Сама“,

„Американска фабрика“ го освои Оскарот за најдобар документарен филм на вечерашното доделување во Лос Анџелес.

„Медена земја“ влезе во историјата откако на 13 јануари годинава доби две номинации за Оскар. Освен за најдобар документарен филм, „Медена земја“ е номиниран за најдобар странски филм заедно со „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

Авторите на „Медена земја“, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката во филмот – пчеларката Хатиџе Муратова, се на свеченоста на 92. доделување на најпознатата филмска награда во светот.

„Паразит“ претходно го зеде Оскарот за најдобро оригинално сценарио.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -