fbpx
-4.2 C
Skopje

ВМРО НП: ДУИ нема право да зборува за промена на изборните граници по изборни единици

АКТУЕЛНО

ВМРО-Народна партија ја следи иницијативата на ДУИ за промена на изборните граници по изборни единици.

Сакаме да потенцираме дека ДУИ нема ниту морално ниту политичко право по два основи да го поставува ова прашање.

Најпрвин, како што се сеќаваме, заедно со ВМРО-ДПМНЕ се главни виновници за тоа што немаме попис во Македонија, а без попис можеме само од око да цениме која изборна единица е поголема, а која помала.

Второ, ДУИ беше најголемиот противник на иницијативата Македонија да биде една изборна единица.

ВМРО-Народна партија тогаш јасно ги повикуваше албанците дека во тој случај тие најмногу ќе добијат со тоа, затоа што ќе се корегираат сите неправилности кои произлегуваат од бројот на гласачите по изборните единици

Така што за оваа иницијатива беспредметно е да се разговара особено поради фактот дека не е исполнет основниот услов по кој би можеле да се прекројуваат изборните единици.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -