fbpx
-4.2 C
Skopje

ВМРО НП Гази Баба: Вчера доцна во ноќта ја видовме сета хипокризија и лажни ветувања на СДСМ за една изборна единица

АКТУЕЛНО

Вчера доцна во ноќта во Собранието на РМ можевме да ја видиме сета хипокризија и лажни ветувања кои ги даваше СДСМ во однос на можноста Македонија да биде 1 Изборна единица.

Имено многу лесно потклекнаа на барањата на ДУИ за прекројување на граници на И.Е 5 и 6 и изгласаа без проблем барање на ДУИ, ама уста не отворија за “нивното” ветување за Македонија да биде 1 И.Е.

Со што уште еднаш се докажа дека т.н нивно ветување за една изборна единица беше само шарена лага и замајување на политичките партии кои се залагаат за 1 И.Е вклучително и ВМРО Народна партија.

Време е изгледа да го преиспитаме односот со оваа политичка партија.

Да живее ВМРО Народна партија. Да живее Македонија, стои во соопштението на ВМРО НП Гази Баба.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -