fbpx
-4.2 C
Skopje

Колев во „Само вистина“: Техничката влада не се труди да спроведе фер избори, туку да добие евтин политички поен за подобар старт на изборната кампања

АКТУЕЛНО

Претседателот на ГДУ Петар Колев во „Само вистина“ зборуваше на повеќе теми, меѓу кои и функционирањето на техничката влада чија цел треба да и биде организирање на фер и слободни избори.

– Оваа Влада не се занимава со решавање на конкретните задачи за кои е создадена, туку повеќе се занимава со надмудрувања со цел да се добие евтин политички популистички поен за подобар старт на предизборната кампања. Дел од европските земји имаат службени влади кои ги спроведуваат изборите со цел граѓаните да имаат доверба во изборниот процес. За жал оваа влада на чело со Оливер Спасовски потфрли на ова прашање.

Колев во гостувањето на „Само вистина“ рече дека не може со ваков избирачки список, без попис во државата да се оди на кредибилни, фер и демократски избори.

– Министрите од владата не излегоа од својот дрес на политичка припадност. Тие можеби немаат капацитет да разберат каква задача имаат. Се надевам дека овие избори ќе поминат во една фер атмосфера. Ова ќе биде класичен тест за демократијата во Македонија. Дали овие две партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе дозволат да се слушне и гласот на граѓаните кои не сакаат да гласаат за нив. Тоа дава надеж дека граѓаните бараат алтернатива.

Првиот човек на ГДУ истакна дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребувале европското знаменце за да донесат класични лобистки закони.

Тој како пример го наведе законот со марихуаната односно извозот на производот од сето тоа.

– Очекувам силна поддршка од ЕУ за да ни дадат шанса, но мојот сомнеж е во капацитетот на владејачката гарнитура, а до голем степен и на опозицијата. Исклучително вулгарно е да се донесат закони кои не одговараат на европските вредности.

Целото гостување на Колев погледнете го во продолжение:

„Само Вистина“ 19.2.2020

„Само Вистина“ со Петар Колев и Љупчо Ристовски – „Валкана кампања“ и чисти избори?!

Posted by Канал 5 Телевизија on Wednesday, February 19, 2020

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -