fbpx
-4.2 C
Skopje

Ќе одговара ли некој пред суд за пасошите?

АКТУЕЛНО

Повеќе од еден месец трае кризата околу недостигот на обрасци за пасоши. Се уште не се наѕира крај на проблемот. А да не зборуваме дека има недостаток и на други лични документи. Загрижувачко!

Но, загрижува и тоа дека не се бара одговорност од најповиканите во МВР за овој голем пропуст кој ограничи многу слободи и права на македонските граѓани. Очигледно, некој во МВР не планирал добро и не си ја завршил работата за која земаат плата.

Ќе дознаеме ли кој е тој? Ќе има ли истрага, ќе биде ли некој суспендиран од работно место, ќе оди ли некој на суд и ќе има ли казна за лицата кои предизвикаа вака голем проблем? Ќе дочекаме ли конечно некој да одговара пред правдата или само на маршови ќе се вика дека правдата е најважна?

Овој „предмет“ не е тешко да се расветли. Но, засега гледаме дека се тргна по старите политички мантри: удри преку медиумите по соперникот, па реплицирај кога тој ќе врати… и така се додека полека не се се заборави проблемот од кој македонски граѓани си страдаат.

Преземено од Скопско Ехо

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -