fbpx
1.8 C
Skopje

Колев: Потребен е јавен обвинител од надвор, ние без поддршка на европските држави не можеме да создадеме нормален правосуден систем

АКТУЕЛНО

Кога зборуваме за проблемот поврзан со правосудството, ние како општество мора да ја прифатиме дијагнозата, болката на тој систем. Тоа е начинот на кој се инсталираат кадрите во тој систем, а тоа е од централите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Какви и закони да усвои собранието, некој кој бил 40 години корумпиран, нема да се разбуди наредниот ден и да стане најправичниот човек во државата. Ниту еден од експертите, вклучително и тимот на Прибе не веруваат дека е можно да се случи ова што се случи со СЈО. Двете елити, СДСМ и ДПМНЕ имаа линкови во СЈО. Тие не се бореа да ги создадат најквалитетните туку своите. СЈО стана симбол на она што е всушност Македонија. Тоа е реалноста и основниот проблем кај нас, рече претседателот на ГДУ Петар Колев зборувајќи за проблемите со правосудството во Македонија.

Јас не верувајќи во капацитетот на оваа елита не сум далеку од идејата на господинот Села дека на Македонија и е потребен јавен обвинител од надвор. Ние без поддршка од европските држави, со ова прашање ќе крахираме. Ние мораме да го направиме ова поради системот кој ни е наметнат од трите партии СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ, додаде тој.

Зборувајќи за претстојните парламентарни избори тој рече дека ГДУ ќе учествува на изборите и дека е премногу рано да се зборува за тоа во каков формат ќе настапат.

Ќе се обидеме на нашите листи да заложиме на лица кои се докажани во општеството со својот авторитет. За нас е важно да се подготвиме добро. Очекуваме дека условите за овие избори ќе бидат малку повеќе нормални од претходно.

На прашањето дали очекува да имаат свој претставник во Собранието, тој рече дека очекува повеќе пратеници кои ги застапат интересите на граѓаните во Собранието.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -