Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ на 24 Февруари (Петок) во 17:00 часот ќе одржат мирен марш под мотото „Марш за Македонија – Завет за Македонија“.
Еден од членовите на здружението во изјава за „Поглед.мк“ уште еднаш ги повикува сите Македонски граѓани да излезат и да го поддржат „Маршот за Македонија“ организиран токму од новоформираното МПЗ „Тврдокорни“.
„Подготовките околу Маршот на Тврдокорните, МАРШ ЗА МАКЕДОНИЈА-ЗАВЕТ за Македонија, влегуваат во завршна фаза. Во Петок,2 на 24.02.2017 во 17 часот, настанот ќе започне со собир пред Соборниот храм а околу 18 часот ќе тргне поворкката кон споменикот на Бранителите, каде што ќе биде положено свежо цвеќе и ќе биде упатено официјално сооштение до јавноста“, велат од „Тврдокорни“.
Од таму додаваат дека Маршот е уредно пријавен во полициската станица – Центар и надлежните органи се информирани за маршутата, а истата ќе се движи долж по бул. Климент Охридски, бул. Димитрија Чуповски, преку Рекорд до споменикот на Бранителите пред собрание.