fbpx
7.8 C
Skopje

Забрчанец: Борбата за медиумски слободи треба да биде постојана, улогата на медиумите е бесценета

АКТУЕЛНО

Коронавирус случувањата нека бидат повод за сите нас, граѓаните, институциите, сопствениците и менаџерите, огласувачите, многу повеќе да ја цениме медиумската професија и да направиме сѐ што е во наша надлежност и моќ, да ја гарантираме медиумската слобода која, еве гледаме, значи и здравје и живот.

МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ, Национален координатор за комуникации за Цивил Медиа

Оваа светска здравствена криза ги осветли и прикажа драгоцениот труд и пожртвуваноста на медиумските работници во нивната борба да дојдат до информација плус, а притоа таа да е точна, целосна, брза и на време да стигне до граѓаните. Имаме должност постојано да се потсетуваме и постојано да ја признаваме оваа бесценета улога на медиумите.

Се надевам дека нема „да бидат потребни“ уште вакви здравствени или други предизвици за секој од нас да разбере во какви општествени и корпоративни услови функционираат новинарите, од една страна, и колкава е вредноста на нивната професија, од друга страна.

Коронавирус случувањата нека бидат повод за сите нас, граѓаните, институциите, сопствениците и менаџерите, огласувачите, многу повеќе да ја цениме медиумската професија и да направиме сѐ што е во наша надлежност и моќ, да ја гарантираме медиумската слобода која, еве гледаме, значи и здравје и живот.

Борбата за медиумски слободи треба да биде постојана, зашто режимите, заразите и стравовите најмногу се шират кога точните информации се попречени да стигнат кај граѓаните.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -