fbpx
-4.2 C
Skopje

Колев: На15 јули заокружете број 7, знаејќи дека испраќате гласна порака која силно ќе одекнува уште долго

АКТУЕЛНО

Фејсбук статус на Петар Колев – претседател на ГДУ

Последната порака што сакам да ја испратам пред почетокот на изборниот молк е ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ до сите наши поддржувачи и активисти на терен! Вие сте победници!

Вие сте нашата мотивација за се’ ова што го правиме! Поради Вас имаме сила да ја водиме оваа битка за промена на нашето општество, битка што ќе донесе подобро утре за нашите фамилии, пријатели и деца…за сите ГРАЃАНИ што живеат во Македонија!

Се обидовме во овие 20 дена да бидеме гласот на ГРАЃАНИТЕ, покажувајќи преку личен пример како треба да изгледа една модерна и културна кампања, како треба да изгледаат политичари кои нудат решенија, проекти и идеи….а не плуканици, етикетирања или некакви си “бомби”. Покажавме дека НИЕ сме поразлични од НИВ!

Сите заедно ја носиме промената, чекор по чекор, ден по ден!

На 15 јули бидете ведри и насмеани, покажете ја уште еднаш класата на ГДУ, донесете љубов и светлина на избирачките места и гордо заокружете го бројот 7, знаејќи дека испраќате гласна порака која силно ќе одекнува уште долго!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -