По реакциите на Бејли, Хан и Могерини, денеска актуелната политичка состојба и одлуката на претседателот Иванов ја коментираше и германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.
Тој денеска за време на посетета на Украина, ја коментираше одлуката на Иванов. Според Габриел, одлуката на Иванов е спротивна на демократските принципи и европските вредности на кои што се обврза земјата.
„Претседателот Иванов треба повторно да размисли за оваа одлука и да ја исправи во интерес на граѓаните на неговата земја“, се вели во изјавата на Габриел кој е лидер на германските социјалдемократи.
Габриел ја истакнува својата поддршка за Могерини, велејќи дека стои зад нејзините пораки кои ги упатила до политичките лидери во земјата, но и до претседателот Иванов.
Тој го изразува своето жалење за фактот што нерешеното спорно прашање за името меѓу Македонија и Грција го кочи процесот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Ваквиот развој на настаните, според Габриел, придонесол за влошување на ситуацијата и затоа мора да има брзи чекори за решавање на ова прашање.