Хрватска како членка на ЕУ има на распологање речиси 10, 7 милијарди долари од фондовите на ЕУ кои би требало да се потрошат до 2023 година, а според податоците на Министерството за финансии во првите десет месеци од оваа година повлекла 8,286 милијарди евра.
„Тоа веќе претставува најуспешната година во повлекувањето на финансиски средства од ЕУ, но ние тука нема да застанеме. До крајот на годината имаме речиси 80 дена, период во кој може да се направат многу работи. Благодарение на напорната работа и добрата координација на сите тела во системот, Хрватска конечно тргна по патот на успехот и јас сум убеден дека ќе остане на него до крајот на финансискиот период”, рече министерот за регионален развој и фондови на ЕУ, Томислав Толушиќ.
Со помош на финансиските средства кои и стојат на распологање во текот на финасискиот период 2014 – 2020, Хрватска планира изградба на училишта, домови, болници, патишта, здравствени центри, инвестирања во претпријатија, руралниот развој, културното наследство, енергетска ефикасност, развој на информатичката и комуникациска инфраструктура и други области кои се предвидени да бидат финансирани со европски пари.