fbpx
-4.2 C
Skopje

Одлична вест за сите кои сакаат да работат во Германија: Потребни ви се неколку докази за да можете да добиете добро платена работа

АКТУЕЛНО

Бројот на отворени работни места во Германија е околу 1,4 милиони. Најбарани се здравствените работници, лекарите, физиотерапевтите и медицинските сестри, пишува Слободен Печат.

Новиот закон ги проширува можностите за квалификувани професионалци надвор од Европската унија да влезат во првата економија во Европа поради вработување, пишува „balkans.aljazeera.net“.

Центрите за советување се наоѓаат во цела Германија, каде им се даваат бесплатни совети за трудот и социјалното право на вработените од Централна и Источна Европа во Германија.

Новина е и тоа што апликантите со квалификувано стручно образование (стручни квалификации вклучуваат стручно образование за кое е утврден минимум период од две години во Германија), и не само високообразовани, како и досега, доколку имаат соодветно познавање на германски јазик и осигурено одржување, тие можат да дојдат во Германија шест месеци со цел да најдат работа.

Кои се моментално најдефицитарните работни места во Германија?

Бројот на отворени работни места во Германија е околу 1,4 милиони. Најбарани се здравствените работници, лекарите, физиотерапевтите и медицинските сестри, „IТ“-професионалците, инженерите и занаетчиите во градежната индустрија, а потоа следуваат професионалци во авио-индустријата, мехатроника, електротехничари, енергетската технологија и други „MINT“ професии, како и во занаетчиството. Според новиот закон, „IТ“-професионалците можат да дојдат во Германија под одредени услови и со минимум тригодишно работно искуство без официјална диплома.

Што ќе се бара од потенцијалните работници (ниво на образование, јазик …)?

Важно е прво да се препознае квалификацијата и потоа да се пријави за виза. Пред да аплицираат за виза, заинтересираните апликанти треба да имаат формална одлука со која ќе ја признаат својата професија. Ова може да се направи уште пред да стапи во сила новиот закон.

Веднаш штом ќе добијат одлука за признавање на нивните стручни квалификации, со соодветно познавање на германски јазик и финансиска поддршка, заинтересираните можат да аплицираат за виза со цел да дојдат во Германија и да прифатат понуда за работа соодветна за нивна квалификација (најмногу шест месеци).

Ако германските институции само делумно ја препознаат професионалната квалификација, заинтересираните апликанти можат да добијат виза за обука и квалификација во Германија. Под одредени услови, тие веќе можат да бидат вработени за време на тоа дополнително образование, пишува „bakan.aljazeera.net“.

Матурантите кои се на возраст под 25 години и имаат завршено средно образование, можат да дојдат во Германија до шест месеци за да конкурираат за место за да продолжат со стручно образование, доколку нивната диплома од средно училиште им дозволува да се запишат на студии, доколку имаат докази за добро познавање на германски јазик (ниво Б2) и доколку имаат финансиски средства да ги поддржат.

Извор: Слободен Печат

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -